Утрински Весник
Култура

Филм на Зоран Попоски на меѓународен фестивал во Даблин

По светската премиера во Лос Анџелес на почетокот на месецов, поетскиот филм на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски, “Уништен свет“, ќе биде прикажан во официјалната селекција на меѓународниот филмски фестивал Блумздеј во Даблин, Ирска, од 11 до 16 јуни 2022 година.

Филмскиот фестивал Блумздеј е конципиран како прослава на филмот, литературата и уметничките иновации, поттикнати од експерименталниот гениј на ирскиот писател Џејмс Џојс. Фестивалот годинава има посебно издание во одбележување на стогодишнината од објавувањето на Џојсовиот роман „Улис“, ремек дело на модерната книжевност. Фестивалот се одржува во соработка со Џејмс Џојс Центарот во Даблин и Ирскиот филмски институт (ИФИ).

Филмот на Попоски ќе биде прикажан во категоријата експериментални куси филмови. “Уништен свет“ во режија на Зоран Попоски е прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе светски признанија за уметност.

Текстот Филм на Зоран Попоски на меѓународен фестивал во Даблин е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“