Утрински Весник
Магазин

Филмот Cuties го одразува штетното влијание на социјалните мрежи врз младите девојки денес

Филмот Cuties го одразува штетното влијание на социјалните мрежи врз младите девојки денес

Продолжуваат полемиките околу францускиот филм Cuties (Слатки девојчиња), режисерско деби на француско-сенегалскиот режисер Maïmoune Doucouréa. Сторијата на филмот е насочена кон Ејми, 11-годишна муслиманка од Сенегал која расте во сиромашен кварт во Париз.

Приказната за полнолетството доби позитивни критики кога премиерно се прикажа на филмскиот фестивал „Санденс“ во јануари, и на Doucouréa му донесе награда за најдобар режисер.

Филмот ја раскажува приказната за 11-годишно девојче заглавено меѓу строгите муслимански традиции на нејзиното семејство и обидите на нејзините пријатели да имитираат сексуализирани личности на жени портретирани во западната култура и на социјалните мрежи.

Филмот е означен како несоодветен за помлади од 18 години, но и покрај тоа „Нетфликс“ се соочи со критики за претераното сексуализирање на девојчињата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Kолку е навистина здраво да се јаде лебот секој ден?

BYD Јангванг У9 Екстрим постигна 503 км/ч и стана најбрзиот автомобил во светот

Боси нозе – здравје за целото тело