Утрински Весник
Култура

Филмот „Сестри“ избран за македонски кандидат за „Оскар“

Филмот „Сестри“ избран за македонски кандидат за „Оскар“

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” го одбра филмот „Сестри“ во
режија на Дина Дума, за оваа награда за 2022 година.

Одлуката ја донесе Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча
– сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

Текстот Филмот „Сестри“ избран за македонски кандидат за „Оскар“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“