Утрински Весник
Магазин

Филмот за Мерлин Монро ќе ги навреди сите, вели режисерот

Ss2

Биографскиот филм за холивудската икона Мерлин Монро, со Ана де Армас во главната улога, има нешто што може да ги навреди сите, коментираше режисерот на филмот Ендрју Доминик.

54-годишниот Новозеланѓанец во интервју за Vulture во четвртокот нагласи дека е изненаден што претстојниот филм на „Нетфликс“ добил назнака 17 плус (NC-17), што не дозволува никој под 18 години да го гледа во киносала во ниту една околност.

300x250 (7)

„Од една страна, повеќе би сакал да одам да гледам NC-17 верзија на приказната за Мерлин Монро, доколку имам избор. Затоа што знаеме дека нејзиниот живот беше на работ, очигледно, од начинот на кој заврши. Дали сакате да ја гледате верзијата за брадавици или сакате дезинфицирана верзија?“, рече Доминик.

„Русокоса“ (Blonde), базиран на истоимениот роман од 2000 година на Џојс Керол Оутс, е долгогодишен проект на Доминик, кој го напиша и сценариото.

„Тоа е филм кој дефинитивно има морал. Но, плива во многу двосмислени води затоа што мислам дека не е направен по желба на луѓето кои сакаат да го гледаат. Има нешто во него што ќе ги навреди сите“, додаде Доминик.

Покрај Ана Де Армас, во филмот глумат и Адриан Броди, Боби Канавејл и Каспар Филипсон како Џон Кенеди.

Ss1

Можете да прочитате

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Прогласени градовите добитници на наградите на ЕУ за инклузивност и различност за 2024 година 

Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв