Утрински Весник
Култура

Филмови од 17 европски држави ќе се прикажуваат на „Beach Film Festival“ во Охрид, влезот е бесплатен

Филмови од 17 европски држави ќе се прикажуваат на „Beach Film Festival“ во Охрид, влезот е бесплатен

Годинава Beach Film Festival го бележи своето 4-то фестивалско издание. Фестивалот на нов европски филм, одомаќинет во градот Охрид од 21 до 25 јули ќе се одржи на нова локација, плажата Горица 3.

Проекции ќе има и на бродот Армада, како и во Музејско-културниот центар Лапидариум. На ова издание ќе можеме да погледнеме филмови кои патуваат директно од филмските фестивали во Кан, Венеција, Санденс, Берлинале и преку нив да пропатуваме низ 17 различни европски држави.

Сите фестивалски денови ќе бидат бесплатни, односно ќе се почитува принципот на прв дојден – прв услужен.

Жирито кое ќе одлучува за наградите во трите официјални категории на долгометражен, краткометражен и студентски филм, како и за наградата Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување ќе биде составено од три члена, Сергеј Трифуновиќ – актер, Ана Василевска – филмски теоретичар/критичар, Елеонора Венинова – сценаристка/режисерка. Покрај овие категории, во склоп на фестивалот влегуваат и Специјалните Проекции во чиј склоп ќе биде затворен фестивалот со веќе востановената пракса – прикажување на македонски филм. Оваа година тоа ќе биде филмот Хомо на режисерот Игор Иванов – Изи.

Оваа година ќе настапуваат 6 млади артисти, Хана Корнети, Андреј Татарчевски, Хамбар, Емили, Мартина Пенева и Никола Лошковски. Едукативната програма која е секоја година достапна на програмата, годинава ќе се реализира преку две дводневни работилници. Едната за филмска критика чиј ментор ќе биде Ана Василевска и другата за филмска шминка која ќе ја предводи Ирена Сенокозлиоска.

4-тото Beach Film Festival се реализира во соработка со Агенција за филм, Општина Охрид, Музејско Културен Ценатр Лапидариум, Europe House Skopje, Delegation of the European Union, Skopje, Нисан, Пакомак, Халкбанк АД Скопје, Шпаркасе, IuteCredit Macedonia, Tavola Bianca, Скопско Smooth и др.

Текстот Филмови од 17 европски држави ќе се прикажуваат на „Beach Film Festival“ во Охрид, влезот е бесплатен е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“