Утрински Весник
Македонија

Филипче: Продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство

Филипче: Продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче претпладнево на својот фејсбук напиша дека продолжува инвестирањето во здравствените установи, во нова медицинска опрема и во човечкиот капитал.

Според Филипче, подобрени се условите во 28 јавно-здравствени установи, а здравствената заштита е подигната на повисоко ниво.

-Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи. Здравствената заштита ја подигнавме на повисоко ниво, а здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа. Во наредниот период продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство. Продолжуваме со инвестирање во здравствените установи, вложување во нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал, наведува министерот Филипче. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки