Утрински Весник
Македонија

Филипче: Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини

Филипче: Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини

Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини, истакна министерот за здравство,  Венко Филипче, кој денеска одржа состанок со претставниците на Лекарската Комора (ЛК), д-р Калина Гривчева Старделова и на Здружението на приватните лекари (ЗПЛРМ), д-р Лилија Чолакова Дервишова како и со координаторите на региони на ЗПЛРМ од градовите низ целата држава.

На средбата се дискутираа повеќе различни прашања со цел подобрување на работата на матичните лекари, зголемување на функционалноста и унапредување на условите за работа на матичните лекари.

Целта е преку размена на информации да се придонесе кон реализација на квалитетни решенија. Министерот најави дека во периодот што следува ќе се преземат потребните активности за приближување на услугата на матичните лекари према пациентите во руралните средини со што ќе се обезбеди пристап кон квалитетна здравствената заштита за сите граѓани.

Можете да прочитате

Дневната програма на Виноскоп се преместува за утре поради најавени врнежи

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен” закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

Дали Владата го копира албанското сценарио: Се турка ли државен монопол врз игрите на среќа?