Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за трговија со дрога​

Поднесено обвинение за трговија со дрога​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 32-годишен скопјанец, за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Во неговиот дом била пронајдена поголема количина марихуана.

„ При извршен претрес на 14 мај 2021 година, службените лица во домот на обвинетиот пронашле наркотична дрога – марихуана во количина од 497,6 грама и дигитална вага на која има утврдено присуство на кокаин и тетрахидроканабинол – психоактивна компонента што го содржи растението Cannabis“ соопшти обвинителството.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор.​

Можете да прочитате

Левица: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлагаат истиот „смешен” закон за игри на среќа што го напаѓаа во опозиција

Дали Владата го копира албанското сценарио: Се турка ли државен монопол врз игрите на среќа?

СДСМ: 15 дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски