Утрински Весник
Македонија

Филипче: Има над 20.000 заштитни маски кои се резерва за јавно здравствените институции

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Имаме голема резерва заштитни маски во рамките на Министерството за здравство. Имаме над 20.000 заштитни маски, кои се како резерва за јавно здравствените институции, истакна попладнево министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Посочи дека на светскиот пазар сега има помалку заштитни маски заради нивната голема побарувачка, меѓутоа секоја институција согласно одлуката на Владата има обврска да ги снабди своите работници со заштитна опрема. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

МЗ: Сите хируршки сали на Клиничкиот центар работат непречено, нема одложување на операции

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка