Утрински Весник
Македонија

Филипче: За само неколку часа, 8.000 граѓани се пријавија на страницата за вакцинација

Филипче: За само неколку часа, 8.000 граѓани се пријавија на страницата за вакцинација

Веб-страницата Vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба, a за само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани, соопшти на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.

Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000…

Posted by Венко Филипче on Среда, 10 февруари 2021

„Сите пополнети апликации на страницата ќе бидат внесени во системот ‘Мој Термин’ и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата“, објаснува Филипче во објавата.

Министерот нагласува дека во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години.

„Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија“, посочува Филипче кој додава дека вакцинирањето е доброволно, но е единствениот начин за да го победиме вирусот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”