Утрински Весник
Македонија

Филипче: Жените од Општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

Филипче: Жените од Општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

Пациентките од општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог. На вчерашната средба, министерот за здравство, Венко Филипче, и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутираа околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга.

Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да ја опреми ординацијата.

„Сите жени од Шуто Оризари сега ќе имаат гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје. Д-р Бошковски е искусен гинеколог кој ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот со недостатокот на гинеколог во Шуто Оризари го решивме. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти“, потенцираше министерот Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ