Утрински Весник
Македонија

Филипче: Вакцинацијата започнува во среда со здравствените работници

Филипче: Вакцинацијата започнува во среда со здравствените работници

Министеротза здравство Венко Филипче, кој присуствуваше на примопредавањето на вакцините против коронавирус, што Србија ни ги донираше утрово на граничниот премин Табановце, се заблагодари на пријателскиот чин од нашиот северен сосед.

Тој рече дека имунизацијата на нашите здравствени работници ќе започне во среда.

„ Подготвени сме да ги примиме вакцините. Тие се на пат да бидат сместени во фрижидери. Вакцинацијата ќе започне во среда со здравствените работници“ истакна Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“