Утрински Весник
Македонија

Филиповска-Грашкоска: Намален бројот на издадени решенија за изолација и на затворени угостителски објекти

Филиповска-Грашкоска: Намален бројот на издадени решенија за изолација и на затворени угостителски објекти

Во периодот од 28 декември 2020 година до 3 јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциските служби се спроведени вкупно 5.718 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони.

Податоците покажуваат дека во овој период споредено со претходните надзори, за 20 отсто е намален бројот на издадени решенија за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Исто така, во делот на контролите што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат, регистрирано е намалување на бројот на затворени објекти, информираше на прес-конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Споредбено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 28 декември до 3 јануари изврши 74 надзори, врз основа на кои изрече 6 решенија. Притоа, овој инспекторат во посочениот период издаде вкупно 4.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19. Анализирајќи ги бројките на издадени решенија за самоизолација, се уште продолжува трендот на намалување, односно во однос на периодот од 20 до 27 декември (кога беа издадени 6.576 решенија), во текот на минатата недела се издадени 20 отсто помалку решенија за самоизолација.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.

При спроведените надзори, изречени се 35 прекршочни пријави и 24 решенија за констатираните неправилности, како и 16 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 2 угостителски објекти во Битола и Тетово и за 1 угостителски објект во Струмица, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Споредбено со периодот од 21 до 27 декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто. За време на новогодишната ноќ, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, спроведоа голем број на заеднички контроли во угостителските објекти, но како што и веќе напоменав беа констатирани мал број на прекршувања, односно беа затворени 2 угостителски објекти (Струмица и Битола).

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 29 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 1 прекршочна пријава и 1 прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 440 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 17 решенија и 1 прекршочен платен налог. Во овој период од страна на трудовите инспектори не се констатирани неправилности согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 11 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 207 надзори, при што издадени се 5 решенија, 14 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување на производи .

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 27 надзори. Притоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа 2 решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег