Утрински Весник
Свет

Физичката активност е лек против ковид-депресија, покажа истражување во Италија

Физичката активност е лек против ковид-депресија, покажа истражување во Италија

Физичката активност за 20% го намалила ризикот од емоционални и психолошки проблеми кај лицата за време на минатогодишниот карантин, покажуваат резултати од истражување спроведено во Италија, а пренесува весникот „Санита“ наменет за здравствените работници.

На примерок од 18.000 студенти, професори и други универзитетски работници, утврдено е дека оние кои престанале да спортуваат страдале повеќе од анксиозност и депресија за време на карантинот.

Студијата, во која учествувале неколку италијански универзитети, открила дека тешки последици од нарушениот начин на живот ги погодиле луѓето кои никогаш не спортувале, а дури 50 проценти од оние кои вежбале и престанале со физичка активност за време на пандемијата биле изложени на поголем ризик од емотивно-психолошки проблеми.

Истражувањата покажале и дека ризикот од анксиозност и депресија, за време на карантин, бил поголем кај луѓето со понизок финансиски статус.

Можете да прочитате

Зеленски: Ќе ја напаѓаме Русија со илјада дронови на ден

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва