Утрински Весник
Свет

„Фидес“ ја напушти Европската народна партија

„Фидес“ ја напушти Европската народна партија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарската владејачка партија „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан денеска испрати писмо во кое наведува дека го напушта европското семејство на десниот центар.

Ова става крај на долготрајниот конфликт во таа група околу обвинувањата за демократските вредности и владеењето на правото во Унгарија.

Во писмото, кое на „Твитер“ го објави потпретседателката на унгарската владејачка партија, Каталин Новак, стои дека „Фидес“ повеќе не сака да биде членка на Европската народна партија и дека ќе го напушти конзервативното политичко семејство.

„Време е да се збогуваме“, напиша Новак, а пренесува агенцијата АП.

Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори: „Фидес ја напушти христијанската демократија. Всушност, од таму замина пред многу години“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година