Утрински Весник
Свет

„Фејсбук“ ќе ги отстранува рекламите против вакцинацијата

„Фејсбук“ размислува за забрана за политичко рекламирање пред изборите во САД

Социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека воведува нови правила со кои рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети.

„Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме“, наведоа Канг-Син Џин, главниот здравствен директор на компанијата и Роб Корен, директор за управување со производи.

Новата забрана доаѓа во време на низа измени во политиката на компанијата за ослободување на социјалните мрежи од проблематична содржина.

Претходно деновиве „Фејсбук“ објави дека воведува забрана за негирање на холокауст, забрана за теории на заговор и групи, како и привремена забрана за политичко рекламирање пред изборите на 3 ноември во САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот