Утрински Весник
Свет

Фејсбук отстрани седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Фејсбук отстрани седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Фејсбук отстрани седум милиони објави во второто тримесечје од оваа година, како резултат на споделување на лажни информации за новиот коронавирус, вклучително и содржина што промовирала лажни превентивни мерки и лекови, пренесува Ројтерс.

Објавените податоци се дел од шестиот извештај за усогласеност со стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година, заедно со построги правила за пристојност, по критиките дека компанијата е блага во контролата на содржината на своите платформи.

Фејсбук соопшти дека ќе покани независни експерти да ги проверат извештаите, почнувајќи од 2021 година.

Фејсбук отстрани и околу 22,5 милиони објави поврзани со говор на омраза во вториот квартал од оваа година и 9,6 милиони во првиот.

Избришани се и 8,7 милиони објавувања поврзани со екстремистички организации, споредено со 6,3 милиони во претходниот период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск