Утрински Весник
Спорт

Фетел: Ферари имаа бесмислена стратегија во Силверстоун

Фетел: Ферари имаа бесмислена стратегија во Силверстоун
Ss2

Себастијан Фетел прво преку радио им порача на водачите на Ферари дека згрешиле со тактиката, а по трката на која заврши на 12. место вели дека стратегијата едноставно била „бесмислена“.

Фетел падна на последното место по првата кривина на трката, но потоа имаше малку прогрес, пред поради тактиката да заглави со болиди пред него, а неговиот колега Шарл Леклер со само едно влегување во боксот едвај го грабна четвртото место.

300x250 (7)

„Зборувавме утрото дека нема смисла да се влегува во боксот двапати бидејќи ќе заглавиш зад болиди, како што се случи во трката. Исто така одевме со ’тврда’ варијанта на гуми и тоа исто така немаше смисла. Зошто би ставиле ’тврди’ гуми за 10 круга и потоа ’средни’ за уште 20 круга? На крајот гумите беа отидени.  Искрено, брзината беше иста за двете трки во Силверстоун и немаше подобрување. Чувството во болидот беше малку подобро, но перформансите беа исти. Брзината исто така“, вели Фетел.

> Фетел: Ферари имаа бесмислена стратегија во Силверстоун <



Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона