Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ферстапен со нова пол-позиција во Австрија, Хамилтон ќе стартува како трет!

Ферстапен со нова пол-позиција во Австрија, Хамилтон ќе стартува како трет!
Img 7972

Лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на домашната трка на неговиот тим, Ред бул, откако успеа да ги остави зад себе возачите на Мерцедес на денешните квалификации пред ГП на Штаерска на патеката Ред бул ринг во Шпилберг.

По фантастичната победа во Франција минатиот викенд, Ферстапен беше побрз од Валтери Ботас на второто место, додека светскиот шампион, Луис Хамилтон беше само трет. Ботас, сепак, нема да ја стартува трката на второто место, туку на петтото поради казната од три места која ја доби за вчерашното извртување во боксот за време на слободниот тренинг.

Во вториот ред ќе стартува и одличниот Лендо Норис во Мекларен, единствениот возач кој има освоено поени на сите трки оваа сезона, покрај Серхио Перез во вториот Ред бул, додека Ботас ќе биде во третиот ред со Пјер Гасли во Алфа Таури.

> Ферстапен со нова пол-позиција во Австрија, Хамилтон ќе стартува како трет! <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај