Утрински Весник
Спорт

Федерер ќе го пропушти Австралија опен?

Федерер ќе го пропушти Австралија опен?

Роџер Федерер, поради операцијата на коленото, во 2020 година играше само на Австралија опен. Тој признал дека не е сигурен дека ќе игра на првиот Гренд слем во сезоната.

„Се надевав дека ќе бидам 100 отсто подготвен до октомври, но се уште не сум на тоа ниво. Не сум сигурен дека ќе играм на Австралија опен. Ова е трка со времето. би ми помогнало кога би имал малку повеќе време“, рекол освојувачот на 20 Гренд слем титули.

Федерер, синоќа, беше прогласен за најдобриот швајцарски спортист во изминатите 70 години.

Австралија опен треба да се одржи од 18. до 31.јануари, но се претпоставува дека поради корона-протоколите турнирот ќе започне на 8.февруари.

> Федерер ќе го пропушти Австралија опен? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот