Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ тужи вработена поради украдени податоци за вакцината против коронавирус

„Фајзер“ тужи вработена поради украдени податоци за вакцината против коронавирус

Компанијата „Фајзер“ тужи долгогодишна вработена поради наводна кражба на голем број доверливи документи, вклучувајќи и за вакцината против коронавирусот.

Компанијата во тужбата наведува дека вработената Џун Ксијао Ли, го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 датотеки, без дозвола, на нејзините лични сметки и уреди од нејзиниот деловен лаптоп.

Материјалите содржат внатрешни проценки и препораки за вакцината на Фајзер-Бионтек.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат