Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ бара одобрување за употреба на вакцината кај деца на возраст од 5 до 11 години

„Фајзер“ бара одобрување за употреба на вакцината кај деца на возраст од 5 до 11 години

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ до Американската администрација за храна и лекови ги доставија прелиминарните резултати од испитувањето за употреба на нивната вакцина против коронавирус кај деца на возраст од пет до 11 години.

Компаниите најавија дека наскоро ќе испратат официјално барање до ФДУ за одобрување на вакцината за деца на оваа возраст, бидејќи тестовите покажале дека вакцината е ефикасна и безбедна и за нив, пренесуваат агенциите.

Вакцината претходно беше одобрена за употреба кај деца постари од 12 години и во Соединетите Американски Држави и во европските земји.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени