Утрински Весник
Свет

Фаучи: Резултатите на „Модерна“ би можеле да бидат на ниво на „Фајзер“

Фаучи: Резултатите на „Модерна“ би можеле да бидат на ниво на „Фајзер“

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека резултатите од тестирањето на американската вакцина на компанијата „Модерна“ против коронавирус можат да бидат одлични.

„Модерна“ наскоро треба да започне со процена и анализа на податоците добиени во третата фаза на тестирање за вакцината против коронавирус.

Фаучи рече дека нема да биде изненаден ако резултатите од тестовите се слични по ефикасност со вакцините на компаниите „Фајзер“ и „БионТек“, пренесува „Фајненшл тајмс“.

„Ни беше кажано дека во следните неколку дена тие треба да ги достигнат резултатите што ги постигнаа во ’Фајзер’“, рече Фаучи.

Фаучи, кој раководи со Националниот институт за инфективни болести, рече дека не очекувал толку добри резултати од вакцините „Фајзер“ и „БионТек“.

Тој додаде дека, иако резултатите во однос на развојот и производството на вакцини се охрабрувачки, човештвото е сè уште далеку од победа над вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ