Утрински Весник
Македонија

Фатен млад скопјанец при обид да ограби аптека

Фатен млад скопјанец при обид да ограби аптека

Дваесет и петгодишен скопјанец со иницијали А.Х. бил приведен при извршување на тешка кражба во аптека.

Според информациите од полицијата, настанот се случил синоќа по полноќ во објект лоциран на улицата 11 Октомври во Скопје.

„Крадецот е приведен во полициска станица и од него е одземен предметот кој го употребил при извршување на делото“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот,  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено и одговараме со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Една Влада, еден мандат, една стратешка цел завршување на европскиот пат на Македонија