Утрински Весник
Македонија

Фатен крадец кој нападнал жена во Бутел и ѝ украл златен ланец

Фатен крадец кој нападнал жена во Бутел и ѝ украл златен ланец
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Приведен е крадец кој попладнево нападнал жена во скоспската населба Бутел 1, а притоа ѝ украл златен ланец.

Од полицијата информираат дека станува збор за 22-годишен скопјанец со иницијали Ф.С..

„Тој кратко пред да биде приведен, на крстосницата помеѓу улиците Хо Ши Мин и Лазо Дренков ја нападнал М.Л. и од неа украл златен ланец“, велат од МВР.

По приведувањето, го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе