Утрински Весник
Македонија

Фатени дрвокрадци во каменичкото село Дулица

Фатени дрвокрадци во каменичкото село Дулица
300x250 (7)

Македонска каменица, 1 јуни 2020 (МИА) – Фатени дрвокрадци во каменичкото село Дулица. Кражбата на дрвна маса, како што информираа од каменичката полиција е забележана во два одделни случаи при што е констатитано бесправно сечење на дрвна маса и притоа поднесени се кривични пријави против сторителите.
-Станува збор за два одделни случаи на дрвокрадство, при што во првиот случај се запленети тринаесет метри кубни огревна дрвна маса и истата е предадена во шумски плац. Во вториот случај во двор на семејна куќа е затечена бесправно исечена и складирана дрвна маса во количина од шест метри кубни и таа исто така е одземена. Против сторителите се поднесени соодветни пријави, информираат од каменичката шумска полиција.
Во наредниот период како што додадоа планирани се зголемени контроли и бараат од населението да ги почитува законите и да не врши бесправна сеча на шумите.
За бесправна сеча на шума обвинуваат и жители на делчевското село Ѕвегор.
-Забележано е масовно уништување на борова шума во атарот на место викано „Габи“, каде дрвокрадците ја користат ситуацијата со коронавирусот, со тоа што масовно сечат бор на споменатото место. Случајот го пријавивме до надлежните органи, велат сопственици на имот на споменатото место во Ѕвегор.
Од делчевската шумска полиција потврдија дека жители пријавиле за наводната бесправна сеча на шума, за што се зајакнати контролите во тој дел од атарот на село Ѕвегор. вс/нд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години