Утрински Весник
Македонија

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште.

Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации.

Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан.

Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Од Северна Македонија до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Можете да прочитате

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, шестмина уапсени

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните

ВЛЕН: Новата учебна година со повеќе олеснувања за учениците и помали трошоци за родителите