Утрински Весник
Спорт

УФЦ: Џон Џонс со сачмарка бркаше крадец пред својот дом!

УФЦ: Џон Џонс со сачмарка бркаше крадец пред својот дом!

Џон „Боунс“ Џонс, еден од најдобрите УФЦ фајтери во историјата, преку Инстаграм се пофали со . на кое се гледа како брка еден потенцијален крадец со сачмарка во неговите раце.

Снимките од камерата за надзор во неделата покажуваат како еден човек се однесува чудно покрај автомобилите на Џонс паркирани пред неговиот дом во Албакерки, Њу Мексико. Тој успева да отвори врата на едно од возилата, пред да се чуе куче и отварање на вратата од гаражата од каде што излетува Џонс и го брка крадецот.

„Следниот пат кога ќе се обидете да ограбите некого, бидете сигурни дека можете да ги наттрчате. Има среќа што сум доволно умен да не пукам во човек што бега. Луѓе, знам дека времињата се тешки, но вашиот живот не е само материјалниот посед. Што мислите за .то, можев ли да направам нешто поинаку?“, прашува Џонс на Инстаграм.

Ова не е првпат „Боунс“ да се судри со криминалци. Во март 2011 година, истиот ден кога стана најмлад УФЦ шампион, тој успеа да помогне во фаќање на еден крадец кого го заддржи додека не донесе полицијата.

View this post on Instagram

Ended up tapping on this guys driver side window with the muzzle of my shotgun last night. Next time you try to rob someone, make sure you’re fast enough to out run them. He’s lucky I’m smart enough to not shoot a man while he’s retreating. People I know times are getting hard but your life isn’t worth a few material possessions. What are your thoughts on this video, what would you have done differently?

A post shared by BONY (@jonnybones) on Nov 1, 2020 at 12:25pm PST

> УФЦ: Џон Џонс со сачмарка бркаше крадец пред својот дом! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига