Утрински Весник
Македонија

Утре сончево со мала облачност, за викенд постудено

Утре сончево со мала облачност, за викенд постудено

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умеран, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност, попладне со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Под влијание на продор на студена воздушна маса во сабота ќе дува силен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница