Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло со температури до 27 степени

Утре сончево и топло со температури до 27 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во северните делови ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.

Следува период на посончево време со повремено зголемена попладневна облачност проследена со услови за изолирана нестабилност, краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе се одржува потопло со температури кои од утре на повеќе места ќе надминуваат 25 степени.

Можете да прочитате

Кому му припаѓаат пензионерските здруженија, на пензионерите или на системот?

13 годишно дете повредено по пад од електричен тротинет

Уапсен косовски водич во автобус, се обидел да поткупи полицаец