Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло време

Сончево врме со температура до 26 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во сабота поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено и силен северен ветер што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови.

Можете да прочитате

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

МНОГУ ТОПОЛ БРАН ВО ЕВРОПА: Што ја чека Македонија во следните 10 дена?