Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време

Утре сончево време

Утре наутро по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

И во сабота ќе се задржи релативно топло време, по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и во недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Можете да прочитате

Втора година по ред Гаши нема лично да присуствува на чествувањето на Илинден, ќе оди во Египет

На Табановце пронајдени 124.250 евра кај грчки државјанин

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска