Утрински Весник
Македонија

Утре сончево а од наредните денови доаѓа дожд

Утре сончево а од наредните денови доаѓа дожд

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Според УХМР, од петок и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.

Можете да прочитате

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена