Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје прoменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница