Утрински Весник
Македонија

Утре облачно и свежо со повремен дожд

Утре облачно и свежо со повремен дожд

Утре се очекува променливо облачно и свежо време, претпладне во западните и јужните делови со повремен локален дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 степен.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

Претрес во Битола, најдено оружје, уапсено едно лице

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон