Утрински Весник
Спорт

Условна и парична казна за Ајнтрахт

Два натпревари без публика е казната што му ја изрече Дисциплинската комисија на УЕФА на актуелниот победник во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт. Казната е условна и ќе се активира доколку прекршокот биде повторен во наредните две години. Ајнтрахт во касата на УЕФА ќе мора да уплати 80.000 евра.

Навивачите на Ајнтрахт влегоа на теренот по победата во полуфиналето во Лига Европа против Вест Хем. УЕФА казната ја одреди по спроведената истрага, која заклучила дека биле пркршени безбедносните протоколи.

Во Бундес лигата, Ајнтрахт сезоната ја заврши на 11. место, но ја освои Лига на Европа и обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Групната фаза во Лигата на шампионите започнува на 6. и 7. септември. Доколку навивачите не направат некој инцидент, Ајнтрахт натпреварите ќе ги игра пред своите навивачи.

> Условна и парична казна за Ајнтрахт <

Можете да прочитате

Бразил со гол во 95тата минута ја елиминираше Јапонија

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот