Утрински Весник
Македонија

Усвоени протоколите за запишување во училиштата, за полагање на испити на факултетите и работа на градинките

Одзивот за запишување во средните училишта во Кочани подобар од лани
Ss2

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Владата ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година, протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

Како што информира владината прес-служба, на 58-та седница Владата на Министерството за труд и социјална политика го усвоила и Протокол за активности во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст по укинување на вонредната состојба, изработен во соработка со Комисијата за заразни болести.

Ss1

Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца во градинките ги определува постапките и обврските на установите за згрижување деца од предшколска возраст, на воспитно-згрижувачкиот кадар и на родителите. сст/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Костадиновска-Стојчевска: „Битолски весник“ – пирејот на демократските и културните процеси