Утрински Весник
Македонија

Влада: Осигурениците се ослободуваат од партиципација за здравствени услуги поврзани со КОВИД-19

Влада: Осигурениците се ослободуваат од партиципација за здравствени услуги поврзани со КОВИД-19
Ss2

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Владата на 58-та седница ја измени и дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, со што се овозмоќува ослободување од партиципација на осигурениците за здравствени услуги поврзани со КОВИД 19. Дополнувањето дава и право на лекување од КОВИД-19 на државјани на соседните земји со кои Северна Македонија нема склучено договор за социјално осигурување, а се затекнале во земјава.

-Со овие измени и дополнувања се предвидува ослободување од партиципација на осигурениците при користење на здравствените услуги поврзани со дијагностицирање и лекување на Коронавирусот и за овие одредби се предвидува примена со повратно дејство од 26.02.2020 година, бидејќи е поповолно за граѓаните, а согласно членот 52 од Уставот на Република Северна Македонија. Со предлог Уредбата се предвидува и правото на лекување од КОВИД-19 на државјаните на соседните земји со кои Република Северна Македонија нема склучено или преземено Договор за социјално осигурување, а се затекнати на територијата на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Ss1

Измените и дополнувањата на оваа уредба овозможуваат и шест месеци по престанокот на вонредната состојба да се овозможи пропишување и издавање на лекови без хартиен образец на рецепт, односно можност за електронско пропишување на лекови од Листата на лекови. сст/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Ковачевски: СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните