Утрински Весник
Економија

Усвоена Програмата за интервентен фонд во земјоделството

Усвоена Програмата за интервентен фонд во земјоделството
Dik 300x250 mk

На предлог на Министерството за земјоделство, Владата на денешната седница ја донесе Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството.

„Буџетските средства за оваа програма во висина од 250.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и се наменети за интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последици предизвикани од зголемувањето на производните трошоци за производство на земјоделски култури во поледелското производство и за поддршка за сточарството“, се наведува во владиното соопштение.

Министерот, Љупчо Николовски, објасни дека ова е прв пат и прва година да се носи Програма за интервентен фонд, покрај редовните програми на Министерството.

„Преку интервентни мерки им помагаме на земјоделците во оваа тешка состојба на економска криза со која се соочува целиот свет, Европа и регионот. Со интервентниот фонд засега се предвидени 250 милиони денари за интервентни мерки во растителното и сточарското производство. Да појаснам, ова се средства кои се надвор од директните плаќања за субвенции и коишто со Законот за извршување на буџет се предвидени како дополнителни средства преку коишто ќе интервенираме во одредени категории на земјоделски стопанства и производители, со одредена поддршка. Ова се дополнителни средства кои ќе влезат во земјоделството“ изјави Николовски.

Можете да прочитате

Привршуваат подготовките за откупот на тутунот

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ