Утрински Весник
Македонија

Универзитет во Тетово: Граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки

Универзитет во Тетово: Граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки

Тетово, 1 јуни 2020 (МИА) – Универзитетот во Тетово во соопштение до јавноста упати загриженост поради епидемиската состојба како и апел до граѓаните да ги почитуваат препораките. Иако е алармантна состојбата, сепак секој може да придонесе за подобрување на состојбата, велат од таму.

– Според последните податоци од здравствените установи – надлежни за управување со состојбата од пандемијата Ковид-19, ја споделуваме нашата загриженост за влошувањето, ширењето и енормното зголемување на бројот на лицата заболени од вирусот корона. Во овие исклучително загрижувачки околности за сите нас, апелираме до сите граѓани на земјата да бидат претпазливи и строго да ги спроведат препораките кои произлегуваат од официјалните протоколи на Светската здравствена организација, Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Во овaa алармантнa состојба, одржувањето на физичка дистанца, носењето маска и лична хигиена се задолжителни во заедничката борба против оваа глобална пандемија, потенцираат од Универзитетот во Тетово.

Од Универзитетот порачуваат дека граѓаните треба да им веруваат на медицинските лица кои се единствените кои вистински стручни и оспособени за борба против Ковид-19.

– Исто така, игнорирањето на дезинформациите – лажните „вести“, во овој период е уште една друга обврска на секој од нас. Затоа, да им веруваме само на епидемиолозите, инфектолозите, кои со многу професионализам, посветеност и хуманизам ја даваат својата помош за јавното здравје. Денес, секој од нас може да го „биде“ лекар, ако навистина се придржува кон сè што препорачуваат тие, денес секој од нас „лечи“ пациенти ако не ги инфицира другите. Заедно ги надминавме најтешките предизвици во минатото и благодарение на пожртвуваноста и посветеноста – успеавме, и овој пат ќе успееме со заедничка одговорност и посветеност, истакнуваат во сооштението до јавноста од Универзитетот во Тетово.  ас/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина