Утрински Весник
Македонија

Во првиот ден над 300 пријави за запишување првачиња во Тетово

Во првиот ден над 300 пријави за запишување првачиња во Тетово

Тетово, 1 јуни 2020 (МИА) – Во основните училишта во општина Тетово доставени се над 300 пријави за запишување во прво одделение во текот на денешниот прв ден од новиот рок за пријавување на првачиња, информира тетовската локална самоуправа.

-Годинава процесот на запишување во прво одделение во сите општински основни училишта во општина Тетово почна на 1 јуни. На првиот ден од уписот, повеќе од 300 деца ги доставија своите документи до основните училишта. Процесот продолжува со почитување на сите мерки на протоколот за здравствена заштита објавени од Министерството за образование и наука и Министерството за здравство, соопшти општината.

Според општинската администрација, вкупно 1.739 деца родени во 2014 година и до јануари 2015 година е предвидено да се запишат во прво одделение во учебната 2020/2021 година.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место 

Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир