Утрински Весник
Македонија

Универзитетот на ЈИЕ настојува да ги вклучи сите студенти во интернетска настава

Универзитетот на ЈИЕ настојува да ги вклучи сите студенти во интернетска настава

Тетово, 23 март 2020 (МИА) – Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово соопштува дека со оглед на мерките преземени од Владата за заштита од ширењето на корона вирусот, кај нив активирани се сите механизми за наставата да биде сеопфатна и инклузивна на интернет. Се прави напор сите да бидат вклучени во ваквиот начин на настава.

-Околу две третини од студентите учествуваат во наставата преку Интернет, но со интензивирање на овој модел се очекува да има целосна вклученост. Спроведувањето на онлајн-наставата е тежок процес за постигнување бидејќи е потребна опрема, интернет капацитет, ИТ-поддршка и обука. Ова е двонасочен процес, каде студентите и професорите спроведуваат синхронизирани виртуелни активности на видеокомуникација, прикачување материјали, евалуација и оценување, истакна ректорот, проф. д-р Абдилменаф Беџети.

Тековно има 497 активни виртуелни часови за семестар. И-мејлот се смета за официјален документ и за академскиот, и за административниот кадар.

-Од самиот почеток, основните материјали за курсеви на Универзитетот се достапни преку Интернет преку комерцијални или системи за управување со курсеви што ги развива самата институција. Од 2015 година УЈИЕ почна со нов систем за предавање со 28 програми. Се употребува „облак“ (cloud) системите за поставување поголем обем на документи. Универзитетската библиотека обезбедува пристап до електронски бази на податоци со ресурси поврзани со академските области од интерес на Универзитетот (Academic Planning Google Drive), истакнува проректорот Радевски.

Минатиот семестар електронски се спроведени 4938 активности. ас/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер