Утрински Весник
Свет

Унгарски авион идентификувал руски авион над Балтичкото Море

Унгарските авиони „Грипен“ кои го чуваат балтичкиот воздушен простор денеска го добија првиот алармен сигнал во 2022 година, соопшти унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровички.

dobivaj vesti na viber

Тој на својот Фејсбук изјави дека унгарските ловци, кои го чуваат воздушниот простор над Балтикот со неколку земји од НАТО, добиле аларм поради неидентификуван авион, пренесе МТИ.

– Во согласност со меѓународниот протокол, „Грипенс“ го идентификуваа рускиот „Иљушин-76“ кој се движеше над Балтичкото Море, а потоа се вратија во базата во Сијаулаји на северот на Литванија – изјави унгарскиот министер.

Унгарската армија го чува воздушниот простор над Балтикот со околу 80 војници и четири „грипини“ во претходните четири месеци, заедно со Германија, Чешка и Италија, сите под команда на НАТО, објави Салај-Бобровицки,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина