Унгарија донесе одлука да донира 40.000 вакцини на Чешка во првата половина на мај, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека дотогаш Унгарија ќе има доволно вакцини за свои потреби.
„Чешка е во тешка ситуација поради неправилната поделба спроведена од Европската Комисија“, рече Сијарто.
Тој посочи дека благодарение на унгарската влада за навремената набaвка на големи количини вакцини од истокот, неговата земја е во првите редови според бројот на вакцинирани, пренесувaaт унгарските медиуми.