Утрински Весник
Свет

Унгарија прими 50 романски пациенти со Ковид-19, болниците во Романија преполни

Унгарија прими 50 романски пациенти со Ковид-19, болниците во Романија преполни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарија одлучи да прифати 50 пациенти со Ковид-19 од Романија и да ги смести на одделенија за интензивна нега во нејзините болници, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој оцени дека Романија е во исклучително тешка епидемиолошка ситуација и додаде дека унгарската влада е во контакт со романски официјални лица со цел да и помогне на Романија, пренесуваат агенциите.

Сијарто потсети дека Унгарија веќе донирала респиратори и други медицински помагала и дека се согласила да прифати сериозно болни пациенти со ковид, кои ќе бидат сместени во болниците во Сегед и Дебрецен.

Романските власти претходно предупредија дека единиците за интензивна нега во земјата се полни и дека нема простор за нови пациенти со Ковид-19.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј