Утрински Весник
Свет

Унгарија доби уште 100.000 дози од кинеската вакцина

Унгарија доби уште 100.000 дози од кинеската вакцина

Уште 100.000 дози од кинеската вакцина против коронавирус на „Синофарм“ пристигнaa во Унгарија, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

„Пратката пристигна цели 43 дена пред крајниот рок, дозволувајќи и на Унгарија да почне да дава вакцини многу порано“, рече Сијарто во видео објавено на „Фејсбук“.

Министерот додаде дека владиниот товарен авион што превезува вакцини наскоро во Унгарија ќе почне да доставува стотици илјади дополнителни вакцини од Истокот.

„Колку порано пристигнат вакцините, толку побрзо унгарските лекари ќе можат да ги дадат на јавноста, давајќи им имунитет на Унгарците“, рече Сијарто.

Во Унгарија досега се вакцинирани вкупно 1.397.342 лица, од кои 406.746 ја примиле втората доза од вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп