Утрински Весник
Магазин

Уметност на проширена реалност: Вашиот дом станува галерија

Уметност на проширена реалност: Вашиот дом станува галерија

Дали некогаш сте сонувале да висат уметнички дела од познати уметници низ вашиот дом? Сега можете бесплатно, благодарение на една од најновите технологии на аугментирана или проширена реалност позната како  Аugmented Reality (AR).

Слики како што се „Соларен пријател“ на Олафур Елијасон и „Пајакот паун“ на Томас Сарацено се дел од делата што можат да бидат прикажани во вашиот дом – единствениот факт е што тие физички нема да бидат таму, но може да се видат виртуелно преку апликација на вашиот паметен телефон.

АР-уметноста се заснова на технологија што ни ја донесе популарната игра за мобилни телефони „Покемон Гоу“ и е прилагодена или адаптирана во склад со делата на современи уметници како што се KAWS, Као Феи и Џуди Чикаго.

Идејата е да им се овозможи на гледачите да ја надградуваат својата уметност среде пандемија со поставување на дигитални уметнички дела на површини внатре и надвор од дома, спојувајќи ја науката со реалноста.

Данскиот-исландски уметник Олафур Елијасон вели: „Станува збор за фантазија“.

 

Дури и ако е ладно надвор, можете да го гледате Solar Friend  од вашата дневна соба.

 

„Чудесно виножито“ и „Соларен пријател“ можат да се појават во кујната.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес

Ова се најлошите и најдобрите аеродроми во светот