Утрински Весник
Македонија

Улицата „Лазо Трповски“ во Бутел ќе биде затворена за сообраќај

Улицата „Лазо Трповски“ во Бутел ќе биде затворена за сообраќај

Градот Скопје известува дека поради изведување градежни работи, улицата Лазо Трповски во општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од 29.03.2021 година до 31.03.2021 година или во периодот од понеделник до среда, на потегот од кривината со улицата Боца Иванова до влезот на гробиштата „Бутел“.

За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“, информира град Скопје.

Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Можете да прочитате

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка

Инцидент со плинска боца во угостителски објект во Кочани, спречени посериозни последици

МВР со детали за синоќешната драма во тетовско Гајре