Утрински Весник
Свет

Украинците тврдат дека спречиле терористички напад врз државниот врв

Украинската полиција спречила терористички напад врз државниот врв, тврди член на украинската влада.

Јевхен Јенин, заменик министер за внатрешни работи на Украина, во телевизиско интервју изјави дека нападот бил спречен благодарение на информации добиени од украински оперативни извори.

Тој не откри никакви детали, но рече дека ќе може да даде многу повеќе информации за тоа по победата во војната против Русија.

Оваа информација не е независно потврдена.

Можете да прочитате

Марин Ле Пен сака да се кандидира за претседател на Франција, премиерската функција не ја интересира

Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Рубио: САД се задоволни од напредокот во Венецуела, на Куба ѝ се потребни реформи