Утрински Весник
Свет

Украинците погодиле стратешки важен мост, се обидуваат да го изолираат Херсон

Украинските сили погодиле стратешки важен мост во окупираниот Херсон и се чини дека ги засилуваат операциите насочени кон изолирање на градот кој е под контрола на Русија.

dobivaj vesti na viber

На објавената снимка се гледаат 18 детонации на мостот Антонивски, кој ја минува реката Днепар. Мостот е еден од главните патишта за снабдување до Херсон, а руската противракетна противвоздушна одбрана не успеала да ги пресретне нападите.

„Гардијан“ наведува дека имало и извештаи дека украинските сили исто така нападнале железнички мост.

Самопрогласените власти во окупираната област херсон го затворија мостот за сообраќај, но тврдат дека е структурно здрав и наскоро ќе почнат да ја поправаат штетата.

„Мостот е погоден, мостот не е уништен. Сега има само уште дупки“, изјави Кирил Стремусов, заменик-шефот на управата наметната од Русија. Тој тврди дека нападот ќе им го отежне животот на жителите на Херсон, но „Во никој случај нема да влијае на исходот на непријателствата“.

 

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка